Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека не планира да ги напушти Црвените иако екипата не игра според очекувањата и уште сега испадна од трката за титулата, а исто така далеку е и пласманот во Лигата на шампионите.
Ливерпул со 2:0 го совлада Евертон во градското дерби „Мерсисајд“ и сега е деветти на табелата со 32 бода, дури девет помалку од Њукасл, кој се наоѓа на последната позиција која носи пласман во ЛШ.
Клоп има поддршка од сопствениците и покрај лошите резултати, а Германецот уште еднаш потврди дека ќе си замине од „Енфилд“ само ако го избркаат.
„Ако луѓето веруваат во мене, тогаш заедно ќе ја пребродиме оваа криза. Повторно ќе имаме убави моменти. Не можам и нема да си одам. Ова се тешки времиња, но клубот ми верува и поради тоа е посебен“, изјави Клоп.