Клоп не можеше да ги сопре солзите на емотивното простување од Ливерпул (Видео)

По осум години поминати како тренер на Ливерпул, Јирген Клоп му рече збогум на англискиот гигант. Многу емоции имаше на последниот меч на „Енфилд роуд“, кога Клоп доби испраќање кое нема да го заборави никогаш.

Сепак, тоа не беше последното збогум затоа што синоќа во Ливерпул беше организирана „Ноќ со Јирген Клоп“, каде што повторно преовладуваа емоциите.

Во емотивното дружење, навивачите постојано му пееја и му скандираа на Клоп, а германскиот стратег едноставно не можеше да ги скрие солзите. За последен пат Клоп ја стисна раката во тупаница и го направи неговото препознатливо започнување на навивање.

Клоп во Ливерпул дојде во 2015 година и во својот мандат во витрините на „Енфилд роуд“ донесе осум трофеи. Под негово водство Ливерпул во 2020 година го скрши 30-годишниот пост без титула во првенството на Англија. Една година порано донесе радост и во Лигата на шампионите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести