Јирген Клоп не наведна глава и не побегна по историскиот пораз на Ливерпул од 7:2 против Астон вила и собра сила со насмевка да му аплаудира на тренерот на победничкиот тим Дин Смит.
Klopp applauding Dean Smith you love to see it #avfc pic.twitter.com/Svz00xEQUT
— B6 Villans (@VillansB6) October 4, 2020
Смит апсолутно го надигра Германецот, кој немаше решение за разиграните домаќини во вечер во која Ливерпул е првиот актуелен шампион на Англија што примил 7 гола на еден меч, а такво сценарио кога не бил првак претходно доживеал во 1963 година, со пораз од Тотенхем.
Оли Воткинс со хет-трик и Џек Грилиш со два гола и три асистенции ги предводеа брилијантните домаќини до победа каква што не се памети во Англија, кога е во прашање тим што играл против првакот од претходната сезона.
Ова беше прв пораз во новата сезона за Ливерпул, а Астон вила заедно со Евертон останаа единствените екипи со максимален учинок.