Клоп не очекува голема реконструкција на тимот

Јирген Клоп не може предвреме да прави план околу летниот трансфер период поради што Ливерпул не е во стабилна финансиска состојба. Иако на Црвените им се потребни неколку нови играчи со цел да се заборави оваа лоша сезона, прашање е колку клубот може да длабоко да го отвори ќесето.

Изјавата на Германецот ги загрижи навивачите, кои посакуваат што поскоро да го видат Ливерпул повторно да биде меѓу главните кандидати за титулата во Премиер лигата.

„Не можеме да брзаме. Трансфери ќе се прават само доколку некои играчи си заминат, односно дали ние ќе се согласиме да продадеме“, посочи Клоп за англиските медиуми.

Ланскиот англиски првак се поврзува со неколку звучни имиња, пред сè Џејдон Санчо, но таков мултимилионски ангажман би бил возможен само доколку се случи заминување на Мохамед Салах, кој е на радарот на ПСЖ. Позитивната работа е што е обезбеден партнер на Ван Дајк во одбраната, Ливерпул го договори трансферот на Ибрахима Конате од Лајпциг за 35 милиони евра, кој на „Енфилд“ ќе пристигне во јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести