Клоп: Не сакаме да играме без публика, но ако тоа спаси нечие здравје, без дилеми прифаќаме

Тренерот на фудбалскиот клуб Ливерпул, германскиот стручњак Јирген Клоп, напиша писмо до навивачите, и ја изрази својата поддршка за одлуката да се суспендира Премиерлигата како мерка во справувањето со ширењето на коронавирусот.

Премиерлигата е суспендирана до 3 април.

„Фудбалот секогаш е најважното нешто помеѓу помалку важните работи, а денеска, фудбалот и фудбалските натпревари навистина не се толку важни. Секако не сакаме да играме пред празни трибини, не сакаме натпревари или натпреварувања да бидат суспендирани, но, доколку сево ова им помага на луѓето да останат здрави, дури и да се работи за една индивидуа, тука не поставуваме никакви прашања“ – пишува Клоп.

„Доколку ова е избор помеѓу фудбалот и доброто за општеството, нема никаква потреба да водиме дискусија, навистина, непотребно е. Одлуката е донесена со цел да се внимава на луѓето, да бидат безбедни, поради тоа ние ја поддржуваме оваа одлука во целост, овој вирус покажа дека ниту еден инволвиран во фудбалот не е имун, а нашите мисли и молитви во моментов се кон нашите ривалски клубови, како и индивидуи кои се засегнати, заболени, како и оние кои подоцна би биле. Ставете го здравјето на прво место, не преземајте никаков ризик. Внимавајте на себе и на другите“ – додава Клоп.

- Оглас -

Најнови вести