Клоп: Не станав лош тренер преку ноќ

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп одговори на критиките за лошите игри и резултати на Црвените сезонава, велејќи дека не станал лош тренер преку ноќ.

Ливерпул моментно е десетти во табелата во Премиер лигата со 29 освоен бод, дури 21 помалку од лидерот Арсенал и десет бода зад Манчестер Јунајтед кој е четврти и се наоѓа на позиција која носи пласман во Лигата на шампионите.

Минатата сезона Ливерпул освои два трофеи, во ФА Купот и Лига купот, загуби во финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид, а остана покус за еден бод зад Манчестер сити во трката за титулата во Премиер лигата.

„Не станав лош тренер преку ноќ. Никогаш не сум бил толку добар како што велат луѓето, но не сум ни толку лош како што мислат луѓето. Минатата година беше неизвесна, а на сите им беше јасно дека оваа сезона ќе биде тешка, но, со помалку повреди можевме да имаме четири или пет бода повеќе. И понатаму не играме одлично, но остануваме во ЛШ. Тешко е, но ќе дадеме се од себе, мораме да излеземе од оваа криза и да го направиме тоа на начин што луѓето нема да можат да дочекаат повторно да дојдат на стадионот“, рече Клоп.

Ливерпул денеска му гостува на Брајтон во рамки на четвртото коло од ФА Купот.

- Оглас -

Најнови вести