Клоп: Не треба да зборуваме за парите кога станува збор за Белингам

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека англискиот репрезентативец Џад Белингам е неверојатен, но не сакаше да каже колку вреди играчот на Борусија Дортмунд.

„Не сакам да зборувам за пари кога зборувам за фудбалер како Џад. Сите можат да видат дека тој е неверојатен“, рече Клоп.

Белингам беше дел од репрезентацијата на Англија на Светското првенство, а се очекува да биде ѕвезда во летниот преоден рок идната година бидејќи сериозен интерес за него пројавуваат Ливерпул, Манчестер сити и Реал Мадрид.

„Ако некого кој нема поим од фудбал го прашате колку години има Џад, мислам дека никој не би ви одговорил точно. Сите би рекле дека има 28 или 29 години бидејќи игра одлично, тој беше фантастичен на СП. Ако сакаме да му направиме услуга и да му овозможиме да продолжи да се развива фудбалски, тогаш не треба да зборуваме за пари“.

- Оглас -

Најнови вести