Клоп: Не верувам дека пак може да играме во финале на ЛШ

Ливерпул е клубот кој во последните две години беше дел од големото финале во Лигата на шампионите. Пред две сезони, англискиот гигант загуби во финалето од Реал Мадрид, но затоа речиси пред три месеци шампионскиот трофеј беше донесен на „Енфилд роуд“. Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп, не верува дека неговиот тим ќе успее трета година по ред да биде дел од финалето, иако уште не се започнати мечевите од групната фаза.

„Во овој момент не можам да бидам сигурен дали повторно би можеле да играме во финалето на ЛШ. Секако дека нема да се бунам ако стигнеме до финалето, но ќе биде многу тешко. Имаме исти шанси како и сите останати конкуренти. Не верувам дека сезонава ќе има доминација на англиските екипи како претходно. Има многу добри екипи. Замислете Лајпциг е во четвртиот барабан на ждрепката“, рече Клоп во исчекување на противниците во групната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести