Клоп: Не заслуживме повеќе од ова што го добивме

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од ремито на гости кај Фулам. Стратегот на Црвените беше реален и изјави дека освоениот бод на гостувањето во Лондон е добар резултат.

„Најдобрата работа од овој меч е резултатот. Освоивме бод во еден многу лош меч за нас. Резултатот е добар. Мислам дека не ни заслуживме повеќе од ова. Нашата игра може уште многу да се поправи. Можевме и да победиме, затоа што создадовме некои добри шанси, но мислам дека тоа ќе беше премногу“, рече Клоп, по мечот на кој Ливерпул два пати губеше, а на крајот стигна до 2:2.

Од ремито задоволен беше и тренерот на Фулам, Марко Силва.

„Мора да го почитуваме квалитетот кој тие го имаат. Сепак, ние бевме добро организирани и добро ја завршивме работата. Во првиот дел имавме контрола и одигравме речиси совршено. И во второто полувреме имавме одговор на секој нивни потег. Дури и кога примивме гол, не паднавме. Честитки на моите играчи и на навивачите“, рече стратегот на Фулам.

- Оглас -

Најнови вести