Клоп: „Немаше да биде незаслужено ако победевме, но првпат ја видов мојата екипа да се мачи“

Фудбалерите на Манчестер јунајтед дојдоа до пласман во полуфиналето од англискиот ФА куп, откако во фантастичен меч го совладаа Ливерпул после продолженијата со 4-3. Тренерот на црвените од Енфилд смета дека немало да биде незаслужено и ако победи Ливерпул, со оглед на тоа дека имаа на двапати водство, кое го испуштаа во самиот финиш најпрво на регуларното време, а потоа во продолженијата.

„Играа еден на еден против нас во последната линија. Тоа моравме подобро да го искористиме. Натпреварот поминуваше, а ние не бевме воопшто подобри. Ризикуваа, а ние не го правевме тоа. Не успеавме да го завршиме натпреварот на вистинскиот начин. Ова е навистина тешко за нас. Првпат ја видов мојата екипа како навистина се мачи. Поминавме многу невољи, денес немаше да биде незаслужено и ао го добиевме натпреварот, но на крајот сепак бевме поразени.“ – рече Јирген Клоп после натпреварот против Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести