Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека Артур Мело брзо ќе се вклопи во новата средина, и најави дека можеби дебито во дресот на Црвените ќе го има против Наполи во Лигата на шампионите.
„Артур не функционираше 100 проценти во Јувентус, но потенцијалот е тука, уште е прилично млад, добар фудбалер е, знае да даде ритам, добро додава, брз е со топка. Ние играме поразлично од Јуве, нам ќе ни користи Артур“ – рече Клоп, кој се надева дека ќе го има Артур на располагање за дуелот со Наполи на 7 септември.