Клоп: Њукасл ќе биде клуб што ќе доминира во следните 30 години

Еден од најдобрите тренери на денешницата, Јирген Клоп, верува дека Њукасл ќе биде клубот кој ќе доминира не само во Англија, туку и во Европа во следните 20-30 години. Според Клоп, фактот дека англискиот клуб го купи најбогатата фамилија во светот го прави Њукасл да биде голем фаворит на сите фудбалски полиња.

Од пред неколку дена, Њукасл е во сопственост на Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија и претседателот на фондот Принцот Мохамед бин Салман. Предноста на Инвестицискиот фонд, односно богатството на Принцот Мохамед, се проценува на 320 милијарди долари.

„Мислам дека тука нема многу дилеми. Њукасл ќе биде светска фудбалска велесила. Тоа е третиот клуб во светот кој е во сопственост на една земја, со тоа што овој ѝ припаѓа на најбогатата фамилија во светот. Нивните можности се неверојатни. Кога се основаше Суперлигата, цел свет беше против неа, а сега имаме Суперлига практично во еден клуб. Њукасл сигурно ќе доминира во европскиот фудбал во следните дваесет или 30 години“, прогнозира Клоп, кој вели дека е многу лесно да се направи силен тим кога на располагање се има толку многу пари.

 

- Оглас -

Најнови вести