32.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Клоп објасни зошто ја прифатил работата со која шокираше многумина

По осум години поминати во Ливерпул, еден од најдобрите тренери на денешницата, Јирген Клоп си замине од „Енфилд роуд“ и најави дека му е потребен одмор. Сепак, одморот на Клоп траеше многу кратко, само неколку месеци. Тој повторно е во фудбалот, но не како тренер што беше шокантно за многумина.

Клоп ја прифати понудата да биде директор на глобалниот фудбал на Ред Бул.

„Можеби мојата улога е променета, но мојата страст за фудбалот и за оние кои го играат, останува иста. Се вклучив на Ред Бул на глобално ниво. сакам да работам на развивање и унапредување на неверојатниот фудалски талент кој ни е на располагање“, рече Клоп, кој ќе биде во улога на ментор на тренерите и менаџментот на Ред Бул.

„Јас сега сум дел од оваа организација која е единствена, иновативна и гледа напред. Воодушевен сум“, додаде Клоп, кој претходно освен осумте години поминати во Ливерпул, беше тренер по седум сезони во екипите на Мајнц и Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести