Ливерпул беше понижен на гостувањето кај Астон вила и загуби со 7:2 во меч од четвртото коло во Премиер лигата. Шампионот ќе го памти овој пораз затоа што првпат по 67 години, клубот кој го има приматот најдобар во Англија прима седум погодоци на еден меч.
Гигантот од „Енфилд роуд“ немаше примено седум погодоци на еден натпревар од април 1963 година кога загуби со 7:2 од Тотенхем.
Тренерот Јирген Клоп имаше објаснување за неочекуваниот висок пораз.
„Сè што не треба да правиме на еден меч, ние го правевме. Честитки за Астон вила бидејќи тие ги изнудија нашите грешки. Првиот гол имаше големо влијание, а не требаше да биде така. Реакцијата ни беше катастрофална, го загубивме тлото под нозете. Нашиот говор на телата не беше добар“, објасни Клоп по срамниот пораз од Астон вила.