Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во интервју за полска телевизија откри дека наскоро ќе стане дедо.
Клоп и сопругата Ула, со која е во брак од 2005 година, немаат заеднички деца, но имаат по еден син од првите бракови. Синот на Ула, Денис, кој има 35 години, наскоро треба да стане татко, па затоа Клоп рече дека ќе стане дедо иако Денис не му е биолошки син. Родениот син на Клоп од првиот брак се вика Марк и има 34 години.