Градското дерби на Мерсисајд ги оправдува очекувањата уште во првите 45 минути од средбата на „Енфилд“. Ливерпул има убедливи 4-2 против Евертон и веројатно е дека бодовите ќе останат кај европскиот првак. Со двата гола на Ориги и по еден на Шаќири и Мане, Црвените целат кон дебакл против градскиот ривал, меѓутоа Ришарлисон успеа да ја одржи возбудата на високо ниво пред паузата.
Белгискиот напаѓач кој вечерва доби предност меѓу стартните 11 пред стандардниот Фирмино ја возврати довербата на германскиот стратег со два погодоци, од кои вториот го изведе како што можат само врвни голгетери во ситуација за 3-1 во корист на Ливерпул.
https://twitter.com/GolsInLive/status/1202329683112660992
Surely this is it for Marcos Silva?
Mane gets a goal he truly deserves. Liverpool 4-1 Everton#LIVEVE https://t.co/jg26p0YgBg— Indispensable David➐ (@davidchibike) December 4, 2019
Домаќините претходно поведоа во шестата минута токму преку Ориги, Шаќири зголеми на 2-0 пред Евертон да возврати преку Кејн.