Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека никогаш во животот не виде подобар фудбалер од Лионел Меси. Германецот исто така смета дека и триумфот на Аргентина на Светското првенство што се одржа во Катар е заслужен.
„“Од срце и честитам на Аргентина на заслужено освоената титула на Светското првенство. Финалето против Франција беше специјално. Кога светот виде Аргентинците како ја прославуваат титулата, јасно е дека вистинската репрезентација го освои трофејот. Долги години чекаа на титулата и навистина сум среќен поради нив, а воедно го имаат и најдобриот во својот тим“, вели Клоп.
Германецот се согласува со зборовите на неговиот конкурент од Манчестер сити, Пеп Гвардиола, дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.
„Од сите фудбалери што сум ги гледал во својот живот, Меси дефинитивно е најдобриот. Лео и со 35 години игра на највисоко можно ниво и се уште не смееме да отпишеме таков генијалец“, додаде Клоп.