Клоп откри дали Салах и Мане ќе играат против Лестер

Мохамед Салах се врати во Ливерпул, па дури и тренираше. Пред неполни 48 часа, Салах играше за Египет во финалето на Африканскиот куп на нациите, но не го освои трофејот. На стадионот во Камерун, неговата селекција на пенали загуби од Сенегал, кој беше предводен од Садио Мане, соиграчот на Салах на клупско ниво.

Ливерпул в четврток ќе игра на „Енфилд роуд“ против Лестер, а тренерот Јирген Клоп најави дека Салах треба да е во составот.

„Мо се врати и веќе имаше полесен тренинг. Знам дека е многу разочаран поради поразот во финалето. Разговарав со него, а тој ми рече дека е подготвен да игра против Лестер“, откри Клоп, кој додаде дека Мане сигурно нема да биде во тимот за следниот дуел. „Садио уште не е ни вратен во Ливерпул, па сигурно нема да игра против Лестер“, додаде германскиот стратег кој е на чело на Ливерпул.

https://twitter.com/i/status/1491027561958281219

- Оглас -

Најнови вести