Клоп: Овие 1-1 не се резултатот кој го сакавме

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше разочаран што неговиот тим против Тотенхем освои само еден, наместо посакуваните три бода, но не мисли дека трката за титулата е загубена.

„Задоволен сум од играта и горд сум на менталитетот кој го покажавме против еден одличен противник кој имаше план. Моравме да ја зачуваме смиреноста после примениот гол, и да го зголемиме притисокот. Успеавме да дадеме гол, што не беше лесно во такви услови. Резултатот не е тој што го посакувавме, но играта ни е добра. Тотенхем е тим кој има играчи од светска класа и тренер од светска класа. Тие имаа цела недела да се спремат, одморени беа, а ние играме на секои три дена. Атмосферата во соблекувалната не е идеална, разочарани сме, но имаме уште мечеви за играње“ – изјави Клоп.

Утре сите навивачи на Ливерпул ќе навиваат за Њукасл против Манчестер сити. Ако Сити победи, тешко дека Црвените ќе ја освојат титулата.

- Оглас -

Најнови вести