Клоп: Подобро вицешампион во Англија, отколку првак на Бундеслигата

На екипата на Ливерпул не ѝ беа доволни ниту 97 бода за да освои шампионска титула во англиската Премиер лига, клубот и по 29 години пауза не успеа да го крене трофејот, но тренерот Јирген Клоп смета дека и второто место е добар пласман.

Со 97 бода, Ливерпул би бил првак во 116 од 119-те сезони во англиската лига, но не и годинава. Тоа не беше доволно бидејќи Манчестер сити освои еден бод повеќе и со серија од 14 победи по ред во последните 14 кола, ја одбрани титулата.

„Ова не е нешто што го посакувавме, но не гледам дека на стадионот некој плачеше од тага. Овој резултат ми значи повеќе отколку сезоната во која со Борусија Дортмунд бев првак во Бундеслигата. Луѓето се воодушевени, но за титула, практично требаше да бидеме перфектни“, рече Германецот Клоп, кому утеха може да му биде ако конечно добие едно големо финале во кариерата, за тоа е она на 1 јуни во ЛШ против Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести