Јирген Клоп после оваа сезона си оди од Ливерпул?

Според шпанскиот весник „Дон балон“, Реал Мадрид ќе се обиде да го привлече тренерот Јирген Клоп, со тоа што ќе го направи најплатен тренер на светот. Сепак, мали ќе бидат шансите Клоп да си оди ако Ливерпул не ја постигне својата главна цел, освојување на титулата во Премиерлигата, или евентуално трофеј во Лигата на шампионите.

Клоп со Борусија Дортмунд освои две титули во Бундеслигата, а сезонава е на добар пат со „црвените“ да освои титула и во англиската Премиерлига. Од Премиерлигата во Реал може да дојде и еден од најдобрите играчи таму, Еден Азар од Челзи. Белгиецот сакал да игра за Реал уште кога го носел дресот на Лил, но веќше седум години е во лондонскит тим.

На клупата на Реал Мадрид седи Сантијаго Солари, но шпанските медиуми тврдат дека договорот ќе му биде раскинат по завршување на сезоната. Освен Клоп, како можен тренер на Реал се спомнуваат и Жозе Мурињо и Јоаким Лев.

- Оглас -

Најнови вести