Во пресрет на утрешното дерби во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Манчестер сити, менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп повторно упати „отровни стрели“ кон противникот за трошењето на огромни суми на пари за засилувања.
Клоп вообичаено пред секој дуел со Сити не пропушта да потенцира дека „граѓаните“ се однесуваат расипнички, додека Ливерпул не смее да си дозволи такво нешто, а сега заборави да каже дека тој плати 100 милиони евра на Бенфика за Дарвин Нуњез.
„Никој не може да се натпреварува со Манчестер сити, тие ја имаат најдобрата екипа на светот и згора на тоа летово го купија и најдобриот напаѓач притоа притоа не гледајќи колку ќе ги чини. Ние во Ливерпул не можеме да се однесуваме како нив, невозможно е. Ерлинг Халанд не беше алката што му недостасува на Сити, но игра на позиција на која клубот можеше да напредува и тоа не е добра вест за сите нас“, рече Клоп.
Манчестер сити изминатото лето потроши 140 милиони евра на засилувања, но притоа зараогти 160 милиони од продажба на фудбалери. Ливерпул пак инвестираше 115 милиони евра во нови играчи, а од продажба заработи 80 милиони евра.