Европскиот првак Ливерпул вечерва против шпанскиот Атлетико Мадрид во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се обиде да си ги продолжи надежите дека може да го одбрани трофејот и да ја продолжи низата на успеси во двомечи откако тренер им е Јирген Клоп. Со Клоп на клупата, Ливерпул никогаш не бил елиминиран во европски елиминациски двобој.
Англичаните се притиснати до ѕид, првиот меч го загубија со 0-1, па ќе треба добро да се потрудат да го елиминираат незгодниот противник. На „Енфилд“ ќе има публика, тоа е голем плус за Црвените. Минус им е неиграњето на Алисон, но се враќа Хендерсон. Еден гол на Атлетико ќе значи дека патникот ќе се решава во 90 минути и Ливерпул ќе мора да даде барем три гола.
Атлетико одамна не загубил во Англија, но во минатата сезона по победа од 2-0 дома, испаднаа, па можеби и стравот ќе влезе вечерва против најдобриот тим од Премиер лигата.
Можни состави:
Ливерпул: Адријан, Арнолд, Ван Дајк, Гомес, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Салах, Фирмино, Мане.
Атлетико Мадрид: Облак, Лоди, Фелипе, Савиќ, Трипие, Коке, Саул, Томас, Жоао Феликс, Мората, Кореа.
СВЕТЦИТЕ ОД ПАРИЗ ИМААТ НАВИДУМ ЕДНОСТАВНА ЗАДАЧА
Во Париз, на домашниот Пари Сен Жермен доволна му е и победа од 1-0 над Борусија Дортмунд за пласман понатаму. Но, ќе се игра без публика и тешко е да се очекува дека Борусија нема да даде гол. Првата средба заврши 2-1 за Германците, на потег се Нејмар, Кавани, Мбапе и Икарди. Мбапе е болен, а проблем за францускиот првак е и што во Европа никако да го покажат својот потенцијал. Тешки милиони се фрлени за да се успее во Европа, но не им оди.
Дилејни и Ројс ќе бидат отсутни кај Борусија, а Тијаго Силва е неизвесен кај ПСЖ.
Можни состави:
ПСЖ: Навас, Кимпембе, Курзава, Маркињос, Бернат, Нејмар, Идриса Геј, Паредес, Сарабија, Мбапе, Кавани.
Борусија: Бурки, Загаду, Хумелс, Пишчек, Гереро, Витсел, Џан, Хакими, Санчо, Халанд, Азар.