23.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Клоп предупредува: Кралот на куповите е нашиот следен ривал

Ливерпул одигра меч по мерак на навивачите на „Енфилд роуд“ и иако заврши нерешено 3:3 против Бенфика, англискиот тим се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е задоволен, но предупреди дека нивниот следен ривал, Вилјареал, е многу опасен и никако не смее да се потцени.

„Знаевме дека ќе биде тешко, а Бенфика заслужено даде три гола. Во дефанзивната линија ние бевме со четворица кои првпат играа заедно, но беше важно да направиме ротација и да се пласираме понатаму. Ги видов резултатите на Вилјареал. Тие се импресивни. Ги елиминираа Јувентус и Баерн Минхен. Нивниот тренер Унаи Емери е крал на куповите. Сепак, ќе бидеме подготвени и за тој предизвик“, рече стратегот на Ливерпул по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести