Преголема самодоверба или луда храброст, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, одлучи на дербито со Манчестер сити да тргне во напад со дури четворица напаѓачи. Клоп ја напушти класичната формација 4-3-3, и реши да игра и со Роберто Фирмино и со разиграниот Диого Жота во составот, покрај крилата Садио Мане и Мохамед Салах.
Ова најавува офанзивен фестивал на „Етихад“. Пеп Гвардиола е нешто попретпазлив, во нападот ги има Феран Торес, Рахим Стерлинг и Габриел Жезус.