Јирген Клоп по напуштањето на Ливерпул одлучи да паузира од фудбалот, односно од тренерската работа, па прифати да биде директор за фудбал во Ред Бул. Сепак, веќе следната година гледачите и навивачите ќе може да го гледаат повторно на фудбалските стадиони, но не како тренер.
Јирген Клоп ќе биде стручен коментатор и задолжен за анализите на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, за германската телевизија Магента, која ќе има свои студија на стадионите.
Германецот се уште одбива да се врати како тренер во фудбалот, но за Магента ТВ изјави дека е возбуден што повторно ќе биде крај линијата во нивните студија.

