Клоп прифатил да биде тренер на Реал Мадрид, но под еден услов, да си оди Серхио Рамос!

Според еден шпански медиум, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, му се јавил на Јирген Клоп да го праша дали сака да го преземе тренерското кормило на Кралскиот клуб, бидејќи Реал летово би требало да се раздели со Зинедин Зидан, а и Клоп после освоените титули во ЛШ и Премиерлигата, би ја завршил главната работа во Ливерпул, и ќе сака нов предизвик.

Наводно Клоп му дал еден клучен услов на Перес: ќе дојде во Реал, само ако претходно биде продаден Серхио Рамос. На негово место, Клоп ветил дека во Реал ќе го донесе Давид Алаба од Баерн Минхен, кој може да игра и како лев бек, централен дефанзивец и како заден играч во средниот ред. На Клоп не му се допажале некои јавни испади на Рамос, плус тоа смета дека има пад во формата и дека веќе не е во цутот на младоста, и тој не влегува во неговите планови.

- Оглас -

Најнови вести