Ливерпул е на турнеја во Азија, а на последниот контролен меч загуби од Баерн Минхен со 4:3. По мечот, тренерот на Црвените, Јирген Клоп, реши да ги поздрави навивачите кои трпеливо го чекаа, па дури и да им даде неколку автограми и да се фотографираат со него.
„Ајде, многу брзо, воопшто немам време“, рече Клоп додека доаѓаше кон навивачите. Еден од нив му даде фломастер за да му стави автограм на еден дрес, но тогаш навивачот го испушти дресот, а Клоп се налути. „Треба да ја држиш еб*ната маица“, луто рече германскиот стратег, а потоа се слуша навивачот кој само вика „Извини Клоп, извини“.