Клоп сака да биде селектор на Германија, но…

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, има голема желба да биде селектор на Германија, но засега тоа не е возможно бидејќи сака да го одработи договорот со Ливерпул со крај, поточно со 2026 година.

Актуелниот селектор на Германија, Ханси Флик, се наоѓа под голем притисок од јавноста поради слабите резултати, а челниците на фудбалската федерација на Германија му порачаа дека мора да победи на пријателските натпревари во септември ако сака да остане на клупата.

Германските медиуми веќе шпекулираат дека Клоп е главен фаворит да го наследи Флик на клупата, но тој сака да си го одработи договорот со Ливерпул.

„Нема дилеми дека е голема чест да се биде селектор на Германија. Но, проблем ми претставува лојалноста. Не можам да го напуштам Ливерпул и да станам селектор. Не се работи така“, изјави Клоп.

- Оглас -

Најнови вести