Во летото 2022 година постоеше опасност Мохамед Салах да не го продолжи договорот и како слободен да го напушти Ливерпул, па клубот разгледувал опции што ако Египќанецот си оди, а според англиски медиуми, желба на тогашниот менаџер Јирген Клоп било да го купат Бразилецот Антони од Ајакс.
Од денешна гледна точка тоа ќе било катастрофа на Црвените. Антони потпиша за Манчестер јунајтед и воопшто не прикажува игри какви што се очекуваа од фудбалер за кого беа платени речиси 100 милиони евра.
Антони има придонесено само со 12 гола и пет асистенции на 87 натпревари во сите натпреварувања од 2022 наваму, а Салах само сезонава на 16 меча во сите натпреварувања има по 10 гола и асистенции.