Клоп: Сами му помогнавме на Арсенал да победи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, призна дека Арсенал бил подобар во дербито и сосема заслужено победи со 3:1.

„ Му честитам на Арсенал, ние не бевме доволно добри. Успеавме да постигнеме гол во првото полувреме без да шутнеме кон голот, во вториот дел најдовме начин да се вратиме во игра, но генерално гледано не игравме добро. Можам да признаам дека Арсенал ги заслужи трите бода“, изјави Клоп по натпреварот.

Главни виновници за поразот на лидерот на табелата се капитенот Вирџил ван Дајк кој имаше две лоши интервенции при вториот и третиот гол на Арсенал, како и голманот Алисон кој направи голем кикс кој му донесе водство на Арсенал од 2:1.

„Со начинот на кој го примивме вториот гол го поттурнавме Арсенал кон победата. Но, тоа исто така покажува дека моите фудбалери се човечки суштества“, додаде Клоп.

- Оглас -

Најнови вести