Клоп: Саутхемптон не делува на тим кој се бори за опстанок

Ливерпул завчера повторно ја загуби челната позиција во Премиер лигата, но вечерва има шанси да се врати на врвот на табелата. Тимот кој се бори за титула, ќе гостува на „Сент Мери“ во Саутхемптон. Домаќините се борат за опстанок и имаат само пет бода повеќе од Кардиф, кој е во зоната за испаѓање.

И покрај големата разлика во бодови, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека очекува тешка битка. Според германскиот стратег, Саутхемптон игра многу подобро откако за тренер бил доведен Ралф Хазенхитл.

„Мислам дека Саутхемптон е на осмото место, ако се гледаат резултатите на сите клубови, откако во тимот на противникот за тренер е ставен Ралф. Тоа покажува дека фактичката состојба која вели дека се борат за опстанок не е реална. Саутхемптон игра на домашен терен и ќе се обиде да ги израдуваат своите навивачи. Ралф прави многу добра работа за тимот на Саутхемптон“, претпазлив е предводникот на Ливерпул, Клоп.

- Оглас -

Најнови вести