Клоп се чатали: Заборавив колку бода предност имаме

По победата над Вулверхемптон, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во свој стил ја искоментира драматичната победа на својот тим во Премиер лигата. Голот на Роберто Фирмино дојде на неколку минути пред крајот и сега Црвените имаат 16 бода предност пред Манчестер сити, а може да имаат и 19 ако го добијат заостанатиот меч против Вест хем.

„Кога притисокот беше поголем за нас, оваа или минатата сезона? Нормално е да има притисок, но јас не мислам на тоа. Заборавив и колку бодови предност имаме, ви ја кажувам вистината. Навистина не мислам на тоа кога во текот на една недела играме неколку меча. Знам само дека в недела играме против Шрусбери, потоа в среда со Вест хем, а потоа одново играме во сабота. Имаме три меча за седум дена. Тоа е многу. Знам и дека го загубивме Садио Мане, тоа ми прави притисок, другото не“, рече Германецот.

- Оглас -

Најнови вести