Клоп се чуди: Можеби јас сум многу глуп или не знам зошто е тоа така

Ливерпул во вторникот на својот „Енфилд роуд“ славеше против Митјиланд со 2:0, па англискиот првак со шест бода е лидер во својата група од Лигата на шампионите. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, веднаш се фокусираше на дуелите од Премиер лигата, а германскиот стратег не е задоволен од распоредот кој го има англиската лига.

„Како може клуб кој игра во среда навечер, да добие термин во сабота во 13:30 часот. Од Премиер лигата никако да го стафат тоа. За саботниот дуел треба да одберат клуб кој игра во вторник. Не можам да верувам како е тоа можно. Можеби сум преглуп. Извршниот директор на лигата Ричард Мастерс и сите останати рекоа дека распоредот нема да се смени. Нив едноставно не им е гајле, а јас не разбирам зошто е тоа така“, вели Клоп.

На страна на Клоп застана и тренерот на Челзи, Франк Лампард. Според распоредот за следното коло, во саботниот термин од 13:30 часот ќе играат Шефилд јунајтед и Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести