Клоп: Се надевам дека Борусија Дортмунд ќе ја освои Бундеслигата

Менаџерот на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп, изјави дека е малку нервозен пред последното коло во Бундеслигата, каде што последното коло ќе одлучи кој да биде шампион.

Клоп беше тренер на Борусија Дортмунд од 2008 до 2015 година, а двапати (во 2011 и 2012) ја освојуваше титулата. Тоа се и последни титули за Борусија, во изминатите десет години првак на Германија беше само Баерн Минхен.

„Нервозен сум малку затоа што се надевам дека Борусија ќе ја освои титулата. Знам што би значело тоа за градо, и генерално за земјата. Не е забавно ако постојано еден ист тим ги освојува титулите“, рече Клоп, кој има загубено и финале во Лигата на шампионите од Баерн.

- Оглас -

Најнови вести