Клоп се налути и јасно им соопшти на играчите како ќе обезбедат место во стартните 11

Ливерпул ја има најлошата сезона откако на тренерското место пред осум години дојде Јирген Клоп. Германскиот стратег во текот на целата сезона не можеше да го најде ритамот на неговиот тим, па многу веројатно е Ливерпул да не обезбеди место во Лигата на шампиони за следната сезона.

Гигантот од „Енфилд роуд“ моментално е на осмото место со 47 бодови и има девет помалку од четвртопласираниот Њукасл. Клоп најави дека во финишот од сезоната ќе има посебен начин на кој ќе ги одбере стартерите на средбите кои останаа да се играат.

„Карта за влез во стартниот тим е притисокот. Тука се започнува. Имавме толку многу мечеви на кои тоа не ми се допадна. Шесторката која е напред може причично добро да направи притисок. Мораме нешто да промениме во следните пет меча кои треба да ги одиграме во следните две недели. Затоа, влезница за место во првите 11 ќе биде желбата да ја вратиме топката. Посебно против екипите кои се бранат, инаку ќе мора да внимаваме на контранападите. Тоа ќе биде клучна работа во донесување на одлуката за стартните 11“, рече Клоп, чиј тим утре на домашен терен ќе игра против Нотингем Форест.

- Оглас -

Најнови вести