Клоп се појави на новото работно место и гледаше второлигашки фудбал

Јирген Клоп кратко време беше без работа откако минатото лето реши да си замине од Ливерпул. Германскиот стратег одлучи да ја прифати понудата да биде шеф на глобалниот фудбал во групацијата Ред Бул.

Неколку месеци откако беше назначен на оваа функција, Клоп прв пат се појави на трибините на фудбалски меч за да следи дуел на клуб кој е дел од групацијата Ред Бул. Изненадувачки, Клоп прво го гледаше дуелот меѓу Париз и Амиен во втората француска лига. Париз победи со 1:0 и Клоп задоволен си замина од трибините.

„Дел сум од организацијата која е единствена, иновативна и фокусирана да гледа кон напред. Јас сум ментор за тренери и менаџмент на клубовите во групацијата Ред Бул“, рече Клоп, кој на новото работно место беше ангажиран од октомври.

Париз е екипа која има за цел да влезе во елитното фудбалско друштво во Франција и да се профилира во еден од најдобрите во земјата. На чело на Париз е Антони Арнаул кој е син на францускиот мултимилионер Бернард, човек кој е и малцински сопственик на акции во Ред Бул.

Тимот на Париз е на второто место во втората лига на Франција со 34 бодови, исто колку што има и лидерот Лориен. По заминувањео од Париз, Клоп треба да иам разговори и со тренерот на Лајпциг, Марко Росе, во Германија.

Под групацијата на Ред бул има неколку фудбалски клубови од целиот свет. Тука се и Ред Бул Салцбург, Ред Бул Брагантино во Бразил, Њујорк Ред Бул во САД…

- Оглас -

Најнови вести