После поразот на Ливерпул од Арсенал од 2-3 во дербито на 10-тото коло на Премиер лигата, менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, „фрли бел пешкир“ и рече дека неговиот тим не е во трка за шампионската титула.
„Мислам дека нерешено ќе беше позаслужен исход, но загубивме, и треба да го прифатиме тоа. Дали сме во трка за титулата? Не, исфрлени сме од трката“ – рече Клоп.
Ливерпул е десетти на табелата со 10 бода, а во следното коло играат против Манчестер сити, кој има 13 бода повеќе, но Граѓаните имаат и одиграно еден меч повеќе од Ливерпул.