Јирген Клоп по завршување на сезоната, ќе си замине од Ливерпул, но германските медиуми уште сега почнаа да пишуваат која ќе му биде следната работа.
Според германските медиуми, Фудбалската федерација на Германија ќе се обиде да го наговори Клоп да седне на селекторското столче по Европското првенство кое ќе се одржи летово.
Актуелниот селектор Јулијан Нагелсман има договор само до ЕП и медиумите пишуваат дека челниците на Федерацијата ќе сторат сè што е во нивна моќ да ја исполнат желбата на фановите и да го убедат Клоп да ја прифати понудата да остане и да ја води репрезентацијата.
Челниците на Федерацијата имаат план и како да му ја испочитуваат желбата на Клоп да си земе одмор. Наводно, тој првиот меч како селектор на Германија би го имал во март 2025 година и потоа би имал една година да ја подготви репрезентацијата за настап на СП 2026 година.
Магазинот „Ди Велт“ пишува дека Клоп е апсолутен фаворит на сите фанови за да биде нов предводник на репрезентацијата.
Клоп во својата тренерска кариера има работено само во три клуба. Дебитираше на клупата на Мајнц, кого од Втората лига го внесе во Бундеслигата, а потоа со Борусија Дортмунд успеа да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен и освои две титули, а од 2015 година го води Ливерпул, со кого освои осум трофеи, меѓу кои титулата во Премиер лигата и во Лигата на шампионите.