Раководството на Ливерпул размислува за можноста да се сврти кон поранешниот менаџер Јирген Клоп, со надеж дека Германецот би можел да помогне да се спасува сезоната, доколку кризата продолжи и се стигне до заминување на Арне Слот. Оваа идеја за можно враќање на Клоп се споменува во повеќе извори во последните недели, а некои британски букмејкери дури го имаат посочено како фаворит за нов менаџер на клубот.
Според „Сан“, враќањето на Клоп би било пред сѐ краткорочно – само за да помогне неколку месеци, додека долгорочниот план на клубот е поинаков. Главната цел на Ливерпул за иднината е тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике.
Раководството на клубот е подготвено да го чека Слот до Нова година, за да види дали тој ќе успее да ја стабилизира ситуацијата. Сепак, евентуален нов пораз од Вест хем во недела значително би го зголемила притисокот врз холандскиот стратег.
На вчерашната прес-конференција, Слот изгледаше смирен и истакна дека разговарал со сопствениците, уверувајќи дека тие сè уште имаат доверба во него и веруваат дека може да ги подобри резултатите на тимот.

