Ливерпул новата 2024 година ја започна со импресивна победа од 4:2 над Њукасл во Премиер лигата, а по мечот во сериозни проблеми со сопругата можеше да западне менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, но работата ја спаси снимателот.
Имено, по последниот свиреж на судијата Тејлор, Клоп тргна кон трибините за да ја прослави победата, им аплаудираше на навивачите, а потоа во еден момент сфати дека му фали бурмата.
Германецот веднаш почна да ја бара бурмата, побара помош од обезбедувањето, но работата ја спаси снимателот, кој му покажа каде се наоѓа бурмата.
https://twitter.com/i/status/1741945810890432962