Клоп: Сега сум убеден дека Бог е навивач на Манчестер сити

Кризата за Ливерпул продолжи и во градското дерби против Евертон кое англискиот првак го загуби на домашен терен со 0-2.

Карамелите првпат по повеќе од 20 години триумфираа во домот на Ливерпул, додека пак составот на Клоп израмни речиси цел век стар негативен рекорд со четири домашни порази во низа во Премиер лигата.

За Јирген Клоп, единствено логично објаснување околу тоа што се случува со неговата екипа, која патем речиси цела сезона е десеткувана, му е дека Бог прави сè што е во негова моќ да ги спречи Црвените да бидат успешни, но и дека е навивач на Манчестер сити.

„Навистина не знам што да кажам, немам објаснување што се случува. Веќе стандардна приказна – Ние доминираме, а противникот ни дава голови. Ние правиме една грешка, тие ја користат, а кога противникот прави 10 грешки, ние не користиме ниту една. Сега сум убеден дека Бог е навивач на Манчестер сити, и дека прави сè што е во негова моќ да нè спречи“, посочи Клоп по вчерашниот кикс против градските ривали.

Разликата меѓу актуелниот шампион и моменталниот лидер на табелата е 16 бода, со тоа што Сити попладнево треба да го одигра мечот од 25-тото коло, во кое гостува кај Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести