Клоп: Скршено ми е срцето, сигурно има некоја поголема причина за ова, но не ја гледам

Поранешниот менаџер на Ливерпул, германскиот тренер Јирген Клоп, преку Инстаграм објави соопштение во кое изразува сочувство по трагичната вест за смртта на Диого Јота и неговиот брат Андре.

Клоп беше човекот што го донесе Жота на „Енфилд“ во 2020 година и беше негов менаџер до летото 2024 година.

Еве што напиша Клоп:

„Ова е тежок момент за мене! Мора да има поголема причина за сето ова, но јас не ја гледам! Скршен сум од веста за смртта на Диого и неговиот брат Андре.

Диого не беше само фантастичен фудбалер, туку и вистински пријател, грижлив сопруг и грижлив татко! Многу ќе ни недостигаш!

Моите молитви, мисли и сила се со Руте, децата, семејството, пријателите и сите што ги сакаа! Почивај во мир. Со љубов, Јирген“.

- Оглас -

Најнови вести