Ливерпул ја заврши најлошата сезона во Премиер лигата откако на клупата е дојден Јирген Клоп и првпат нема да игра во Лигата на шампионите. Гигантот од „Енфилд роуд“ заврши на петтото место во првенството и ќе мора да се задоволи со настап во Лигата на Европа, а германскиот стратег не губи надеж дека следната сезона ќе биде многу подобро.
„Имавме лош период во сезоната што измина, но добро е што последните 11 кола ни покажаа дека сме на вистински пат во тоа што го правиме. Разочарани сме што не завршивме во Топ 4, но мора да признаеме дека имаше четири клуба коишто беа подобри од нас. Во следната сезона ние повторно ќе бидеме ривали кои ќе претендираме за титулата“, рече Клоп.