Јирген Клоп мораше да ја дообјасни изјавата на неговиот агент, кој посочи дека Германецот ќе остане тренер на Ливерпул, односно ќе потпише нов договор во зависност од временските услови. Клоп вели дека тоа било шега, но оние кои ја пренеле информацијата очигледно не го разбрале германскиот хумор.
„Тој само сакаше да се пошегува. Да бидам сериозен, никој не го разбра германскиот хумор. Времето не е и нема да биде услов во мојата одлука дали ќе останам во Ливерпул или не. Знам дека на многу луѓе не им се допаѓа, но сметам дека Англија има можеби најздрава клима во моментов, често врне и е свежо“, истакна Клоп во пресрет на гостувањето во Неапол.