Клоп со двајца стопери летна за Доха

Ливерпул со само 20 фудбалери ќе атакува на светската титула во натпреварувањето кое се одржува во Доха. Европскиот првак има проблеми во пресрет на полуфиналниот дуел против Монтереј кој е закажан за среда, 18 декември.

Само двајца стопери му стојат на располагање на Јирген Клоп во пресрет на полуфиналето и евентуалното финале, тоа се Вирџил Ван Дајк и Џо Гомес. Дејан Ловрен се здоби со повреда во победата против Салцбург во ЛШ, додека Џоел Матип ќе отсуствува најмалку уште една недела поради повреда на коленото.

Дополнителни грижи на Клоп му создаде и принудното излегување на Вајналдум во вчерашната средба против Ватфорд, но холандскиот играч за врска сепак се најде на списокот фудбалери кои отпатуваа во најголемиот катарски град.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести