Јирген Клоп девет сезони беше на чело на Ливерпул, а трофејот од Премиер лигата го освои само во 2020 година. Германецот минатото лето си замина од „Енфилд“, а неговиот наследник, Арне Слот, уште во првата сезона успеа да ја освои титулата, и тоа на убедлив начин.
За трофејот на Ливерпул се израдува и Клоп, кој на социјалните мрежи напиша: „Бесконечно благодарам за минатото, бесконечно, бесконечно среќен за сегашноста, исклучително позитивно за иднината. Честитки – никогаш нема да одиш сам.“