Клоп: Среќен сум што Сити ќе игра во ЛШ, но одлуката беше лоша за фудбалот

Манчестер сити и следната сезона ќе може да игра во Лигата на шампиони, иако пред неколку месеци англискиот тим доби суспензија од две години од УЕФА. Граѓаните беа казнети поради непочитување на финансискиот ферплеј кој го утврди европската куќа на фудбалот, но оваа суспензија беше поништена вчера од страна на Судот за спортска арбитража во Лозана.

Одлуката за Сити да биде ослободен од суспензијата ја коментираше и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој вели дека сепак мора да се почитуваат одлуките на УЕФА.

„Мислам дека вчерашниот ден не беше добар за фудбалот. Правилото за финансиски ферплеј е добра идеја. Тоа беше воведено за да си има лимит и клубовите да не може да трошат неконтролирана сума на пари. Лично јас сум среќен што Манчестер сити повторно ќе игра во Лигата на шампиони, затоа што ако тие играат 10-12 меча помалку од нас во текот на една сезона, мислам дека нема да има кој да им парира во освојување на трофејот во Премиер лигата. Сепак, вчера не беше добар ден за фудбалот“, вели Клоп во својот заклучок.

 

- Оглас -

Најнови вести