Клоп: Светското клупско е најлоша идеја што сум ја видел во фудбалот

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, а актуелен шеф на глобалниот фудбал во Ред Бул, Јирген Клоп, остро го критикуваше Светското клупско првенство што во моментов се игра во САД.

Во интервју за „Ди Велт“, Клоп рече дека СКП е најлошата идеја што некогаш е имплементирана во фудбалот.

„Луѓе кои никогаш немале никаква врска со секојдневната работа донесуваат одлуки. Ги разбирам оние што велат: „Учеството носи луди суми пари“. Но, тоа не важи за секој клуб. Минатата година имаше Копа Америка и Европско првенство, оваа година има Светско клупско првенство, а следната година Светското првенство. Ова значи дека играчите немаат вистинско закрепнување, ниту физички ниту ментално. Секако, сите тие заработуваат многу пари. Но, да го оставиме тоа настрана за момент. НБА играч, кој исто така заработува многу пари, има четири месеци одмор секоја година“, вели Клоп.

Клоп е загрижен за здравјето на фудбалерите.

„Можеби не сите го препознале вистинскиот проблем, но следната сезона играчите ќе имаат повреди какви што никогаш порано немале. Ако не оваа сезона, тогаш тоа ќе се случи на Светското првенство или потоа. Постојано им велиме да играат секој натпревар како да им е последен. Тоа е брутално. Им го кажуваме тоа 70 или 75 пати годишно. Но, не може да продолжи вака. Мораме да им дадеме одмор, бидејќи ако не го добијат тоа, нема да можат да играат најдобро на долг рок, а ако повеќе не можат да го прават тоа, целиот производ губи вредност за оние што го продаваат“, додава Клоп.

- Оглас -

Најнови вести