Клоп уште верува: Можно е до крајот на неделава да има уште едно чудо!

Ливерпул направи херојски подвиг откако со 4-0 ја победи Барселона и ја анулираше негативата од три гола за пласман во финалето од Лигата на шампионите. Барселона првпат беше елиминирана по ваква предност од 3-0, а Ливерпул покажа дека никогаш не се предава.

Токму поради фактот дека во фудбалот сѐ е можно, Клоп најави дека неговиот тим не се откажува ниту од трката за титула во Премиер лигата. Ливерпул има 94 бодови и заостанува еден бод зад лидерот Манчестер сити, а до крајот има само уште едно коло. Ливерпул на свој терен игра против Вулверхемптон, а Сити гостува кај Брајтон.

„Имавме неверојатна недела, но уште не е завршена. Којзнае, можеби ќе има уште еден голем момент за нас. Веруваме во чудо. Многумина мислеа дека нема да можеме да играме во финалето на ЛШ и да ја освоиме титулата во Англија. Но, ете успеавме да се пласираме во финалето на ЛШ, а титулата во Англија уште е далеку за нас, но она што сигурно ние го можеме е да победиме на нашиот меч“, рече Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести